За нас

location

Фирмата Еуро Мес е формирана во март 1996 година. Формирана е како мала семејна фирма која денес брои 18 вработени. Основна дејност е вршење увоз на свежо месо и свежи внатрешни органи и дистрибуција на истите производи на целата територија на Република Македонија.

Фирмата ЕУРО МЕС ДОО Скопје од мај 2006 година располага со свој сопствен ладилник регистриран од ветеринарната управа на Република Македонија. Ладилниците се со капацитете од 80 тони на свежо месо закачено на куки и 150 тони замрзнато месо. Од септември 2008 година ЕУРО МЕС ДОО Скопје има воспоставен и верифициран HACCP систем.